Кривична за струмичанец за палење паркиран автомобил
Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против К.Ј (26) од село Рич, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“, соопштија од струмичката полиција.
Во соопштението е наведено дека пријавениот на 5 ноември годинава, околу 00:01 часот, движејќи се пеш по улица „Панче Пешев“ во Струмица, во паркирано незаклучено патничко моторно возило предизвикал пожар, по што побегнал од местото на настанот. Пожарот бил изгаснат со интервенција на ТППЕ Струмица.
Истиот ден пријавениот бил забележан од полициски службеници и бил лишен од слобода.
По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица подготвена е кривична пријава и доставена е во ОЈО-Струмица.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители