Македонија
3. September 2021 - 14:26

Кривична за скопјанец за криумчарење мигранти

Денеска (03.09.2021), Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против Ш.С.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418-б став 2 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 31.08.2021 прифатил 12 илегални мигранти од Куба со патничко возило „фолкаваген туран“ со скопски регистарски ознаки и организирал нивен превоз со четири различни такси возила до Гевгелија, при што на возачите на такси возилата лажно им ја претставил фактичката состојба за статусот на мигрантите. По преземени мерки, на 02.03.2021 тој бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Кисела Вода.