-->
-->
Кривична за скопјанец за кражба од чанта
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против З.А.(34) од Скопје осомничен за кривично дело „тешка кражба“ што ја извршил на 15-ти месецов.
- Околу 14 часот, додека оштетената пеш се движела по бул. „Крсте Мисирков“, З.А. и се доближил, го отворил патентот од чантата и и го одзел паричникот по што побегнал во непознат правец. На тој начин, З.А. се стекнал со противправна имотна корист од околу 5.000 денари, соопшти МВР во дневниот билтен.
По преземени мерки, З.А. истиот ден бил приведен во Полициската станица Бит-пазар и во службениот разговор го признал делото и го појаснил начинот на извршување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата