Македонија
27. August 2020 - 15:53

Кривична за полицаец од Гостивар за лажна пријава на кривично дело

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Р.(41) од Гостивар, вработен како полициски службеник во ОВР Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „лажно пријавување на кривично дело“.

На 15.08.2020 во Полициската станица Гостивар, Р.Р. лажно пријавил дека од страна на Л.Ш. (34) од с.Беловиште–гостиварско, врз него било извршено насилство иако всушност тој го нападнал.