Македонија
18. December 2017 - 16:03

Кривична за Кумановец, ги запалил вратите од куќата на соседот и неговото возило

Кумановецот П.Ј. (61) доби кривична пријава откако со бензил ги полеал и запалил влезните врати од куќата на соседот и неговото возило.

Тој, како што соопшти МВР, на 10 ноември годинава околу 21 часот на улицата „Ѓорче Петров“, откако претходно земал два литри бензин, отишол во куќата на неговиот сосед Т.К. со кого претходно имал физичка пресметка, по што со бензин ги испрскал влезните врати од куќата и ги запалил, а потоа го испрскал и возилото „Југо“ во пределот на хаубата и го запалил.