Македонија
7. August 2017 - 14:19

Кривична за крадец на дрва од Скопје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.К. (41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Пријавениот на 21 јули 2017 година во теренско моторно возило „ТАМ 450“ натоварил, претходно исечени стебла дабово огревно дрво, во количина од седум кубни метри и без соодветна документација-испратница за превоз и без јасно видлив шумски жиг и боја, се обидел да ги превезе на одредена локација во Скопје.

Со ваквото дејствие пријавениот го оштетил Буџетот на Република Македонија за износ од 49.000 денари.