Македонија
24. January 2016 - 16:50

Kривична за градоначалникот Зијадин Села ја злупотребил службената положба

Струшкиот градоначалник Зијадин Села, раководителот на секторот за урбанизам, претседател на Комисијата за легализација на бесправно изградени објекти во  Општина Струга и директор на Управата за заштита на културно наследство при Министерството за култура  заработија кривични пријави за злоупотреба на службената положба.Села во 2014 година издал паркинг за моторни возила кај градското пливалиште кое со решение е означено како локација под заштита на државата. Тој, со закупувачот ДООЕЛ „Пошка – Сони“ од струшкото село Франгово, наместо за три месеци потпишал договор за две години .

Градоначалникот со неговите сорабптници незаконски легализирале објекти .Еден   дом на култура,  училиште  и една  куќа  под заштита на државата во која се наоѓаат подрачните единици на повеќе министерства.

Трите објекти кои датираат уште од 1934 година не можеле да бидат предмет на легализација бидејќи со решение од Министерството за култура биле прогласени како објекти од значајно културно наследство во сопственост на Република Македонија.