Кривична за двајца полицајци кои тепале приведен во струмичкиот затвор
СВР Струмица поднесе кривична пријава против П.П.(31) од с.Василево и А.М.(25) од Струмица, двајцата полициски службеници, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 од Кривичниот законик.
Пријавените, на 01.12.2020, постапувајќи по Наредба за вршење на служба, околу 09.45 часот, додека биле во КПУ - Затвор Струмица, со цел да извршат достава на пресуда од Основен суд Скопје 1 на Ј.А. од Струмица, осуденик на издржување на казна затвор во КПУ Затвор Струмица, постапиле несовесно за време на вршење на службата на начин што, откако Ј.А. почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени од затворот.
Веднаш по пријавување на настанот, полициски службеници од СВР Струмица во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола презедоа мерки за целосно расчистување на настанот.
Ново на Сител
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори
-
Утре повеќе села и населби ќе останат без струја во Скопје
-
Бајден го потпиша законот за 61 милијарда долари воена помош за Украина
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите