Македонија
23. July 2019 - 18:07

Кривична за 64-годишен тетовец за нелегално поседување оружје и муниција

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тетовецот Р.Р.(64) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи‘’ и „загрозување на сигурноста“.

Како што соопшти МВР, на 19-ти овој месец полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории на пријавениот во Тетово, при што пронашле и одзеле автоматска пушка, пиштол „Глок’’ со шест куршуми, 29 куршуми од автоматска пушка со калибар 7,62 мм, 25 парчиња пиштолска муниција со калибар 7,62 мм и седум куршуми „Магнум 357“. Додека во јуни 2019 во домот на неговиот братучед Р.И., пријавениот во два наврати упатил закани по животот на Р.И. и животот на членовите од неговото семејство.