Македонија
25. February 2018 - 13:15

Кривична за 42 годишна жена од Kавадарци за трговија со дете

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до ОЈО за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето М.Д. (42) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – “трговија со дете“ по член 418 од КЗ на РМ.

Имено, според документираните сознанија, утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата година и јануари оваа година го принудувало детето Р.И. штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми ,, 25-ти Мај “, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.

Исто така, покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи ја за нејзина сметка да питачи.

М.Д. е задржана во ПС Кисела Вода  и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.