Македонија
31. January 2021 - 17:11

Кривична за 34-годишник од с.Дугово - пред полицајци фрлил ќесиња со марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против С.Б.(34), од село Дугово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 12.08.2020 во 21.40 часот во Кичево, при пристапување за вршење преглед над пријавеното лице, С.Б. фрлил ќесиња со марихуана.