Македонија
25. October 2020 - 14:46

Кривична против разбојник кој ограбувал куќи во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Ј.(36) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојничка кражба“, три „тешки кражби“ и една „тешка кражба во обид“.

Тој, кривичните дела ги извршил во периодот јули-септември 2020 година во куќи во Охрид, каде влегувал користејќи подесен алат.

Притоа одземал пари, накит и други вредни предмети.