Македонија
7. јуни 2018 - 16:44

Кривична пријава за вработена во гевгелиското обвинителство поради оддавање службени тајни на адвокати

Вработена во гевгелиското јавно обвинителство осомничена за оддавање службени тајна. Кривични пријави, службени белешки, записници, спогодби, ова се само дел од документите за кои адвокат кој директно или индиректно бил поврзан со предметите  добивал податоци од 34 годишна  гевгеличанка вработена како помлад јавнообвинителски соработник за  казнено право. Осомничената  податоците кои претставуваат службена тајна на адвокатот му ги двала од средината на минатата 2017 година па се до 23 мај оваа година. Против неа од страна на полцијата е поднесена кривична пријава поради основано сомневање дека сторичла кривично дело ,, оддавање службена тајна,, .

,, Во повеќе наврати на адвокатот А.С. му давала податоци што преставуваат службена тајна, односно кривични пријави, службени белешки и други документи изработени од организациони единици на Министерството за внатрешни работи, записници, спогодби и други документи изработени од Основното јавно обвинителство во Гевгелија, службени документи издадени од Основниот суд во Гевгелија кои преставуваат службена тајна, документи од други јавни установи, кои директно или индиректно се поврзани со предметите за кои е ополномоштен бранителот А.С. пред судски или јавнообвинителски предмет. ,, вели ТОНИ БОЖИКОВ – СВР СТРУМИЦА

Од полицијата информираат дека пријавената со строрените дејствија за неа, но и за друг прибавила противправна имотна корист и нанела штета на честа и угледот на институцијата во која работи.