Македонија
20. December 2015 - 13:27

Кривична пријава за скопски џепчија кој крадел во автобус

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 46-годишен скопјанец М.С. осомничен за кражба, за што судија на претходна постапка му одредил притвор од осум дена.

На 4 декември околу 19 часот М.С. во автобус на ЈСП бр.5 кој сообраќал од Центар кон Ѓорче Петров, од чантата на патничка украл паричник во кој имало 280 денари, искористувајќи го нејзиниото невнимание и метежот во автобусот.

Како што информира МВР, додека го извршувал кривичното дело М.С. бил забележан од граѓанин кој го совладал и му го одзел паричникот, по што на автобуска постојка во населбата Ѓорче Петров бил приведен од полициската единица Алфа.

МВР наведува дека М.С. е познат сторител од областа на имотни деликти, за што досега му биле поднесени 12 кривични пријави за извршени вкупно 15 џебни кражби и кражби на дрзок начин.