Кривична пријава за правен субјект во Дебар кој вршел превоз без лиценца
Правен субјект и две лица одговорни во правниот субјект заработија кривични пријави за злоупотреба на службената положба и вршење јавен превоз без поседување лиценца.
-Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „ злоупотреба на службена положба и овластување“ и „вршење јавен превоз без поседување лиценца“, Одделението за внатрешни работи – Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар како и против Б.Л.(55) од Дебар и О.П.(41) од дебарското село Бањиште, одговорни во правниот субјект, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.
Додава дека на 20 октомври годинава, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека пријавените, организирале и вршеле незаконски превоз на патници, односно без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.
Димоски во исто време информираше и за тоа колку лица се казнети за неносење заштитна маска во последното деноноќие.
– Според статистичките податоци на ОВР Дебар, во изминатото деноноќие, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа , полициските службеници констатирале девет прекршоци за неносење лична заштита на лицето. На овие лица им се издадени прекршочни платни налози, рече Димоски.
Додаде дека од почетокот на пандемијата на подрачјето на двете општини издадени се 1.368 платни налози за неносење заштитна маска.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација