Македонија
21. July 2020 - 15:55

Кривична пријава за лице од Свети Николе кое наместо во изолација било во угостителски објект

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.Д.(28) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавениот, на 17.07.2020, при контрола од полициски службеници, не бил пронајден во својот дом, односно бил во угостителски објект во Свети Николе и на тој начин не постапил според Решение издадено од 14.07.2020, со кое му се одредува здравствен надзор и самоизолација во домашни услови во траење од 14 дена, за што бил изготвен записник за извршена контрола и бил спроведен во државен карантин.