Македонија
12. February 2021 - 10:37

Кривична пријава за крадец од Штип, расчистени четири кривични дела

СВР Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против А.М.(24) од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојничка кражба“, две кривични дела  „тешка кражба“ и едно кривично дело „кражба“.

Пријавениот кривичните дела ги сторил во периодот од 19.01. до 06.02.2021 на подрачјето на Штип, насилно влегувајќи во куќи и патнички возила, од каде одзел најразлични предмети.

Инаку, во текот на 2020 година од страна на  СВР Штип до ОЈО Штип, против А.М. се поднесени 9 кривични пријави за кривично дело „тешка кражба“ и една кривична пријава за кривично дело „кражба“.
Од страна на судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор