-->
-->
Кривична пријава за кичевчанец за незаконска експлоатација на минерални суровини
-->
Полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против И.С.(53) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлатација на минерални суровини“.
Пријавениот во периодот од 21.11.2017 до 30.05.2018 година на место викано „Завој“ во Кичево, вршел незаконита експлатација на песок без да поседува дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање или договор за експлатација на минерални суровини со АД „Водостопанство“.
Тоа, како што истакна Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид, го правел со намера да се стекне со противправна имотна корист од поголема вредност на имот во приватна сопственост со чиј сопственик имал само договор за закуп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота