Македонија
21. October 2015 - 15:51

Кривична пријава за фирма од Демир Капија за превоз на стока без лиценца

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против ДПТТУ„Џемо Транс“ ДООЕЛ-Демир Капија, Л.Л. (22) од Неготино, управител на правното лице и Т.Л.(47) од Неготино поради основано сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

МВР денеска соопшти дека пријавените во периодот од 1 ноември лани до 31 август годинава  во 187 наврати извршиле јавен превоз на стоки, производи од дрво за повеќе правни и физички лица, без да поседуваат лиценца за вршење јавен превоз на стоки издадена од Министерство за транспорт и врски.