Македонија
20. October 2015 - 11:48

Кривична пријава за двајца велешани за кражба на 61 лап-топ од основно училиште

СВР Велес поднесе кривична пријава против В.П. (23) и М.Ѓ.(21) и двајцата од Велес, осомничени за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Ноќта 06/07.09.2015 година, соопшти денеска МВР, пријавените со подесен алат ја отвориле влезната врата од ООУ „Кирил и Методиј“ во Велес, се качиле на горниот кат, со туркање ги отвориле вратите од две училници и одзеле 61 мини лап-топ компјутер и опрема. Предметите ги сокриле во стан во Велес и планирале да ги продадат.

На 16.09.2015 година, по претходно добиени оперативни сознанија, од сега пријавените лица одземени се сите лап-топ компјутерите кои со потврда се вратени на ООУ „Кирил и Методиј“ - Велес.