Кривична пријава за дебраните кај кои полицијата пронајде оружје и муниција
Кривична пријава им е поднесена на двајцата дебрани кај кои полицијата на 21 јуни пронајде оружје и муниција.
Според портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Охрид, Стефан Димоски, кривичната пријава е поднесена од Полициската станица од општа надлежност од Дебар до надлежното Јавно обвинителство, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распркувачки материи“.
-Кривична пријава е поднесена против А.Р.(36) и Р.Р. (59), двајцата од Дебар. При извршениот претрес во нивна штала во селото Шулан, на 21 јуни годинава пронајдени и одземени беа три рачни бомби со две запалки, оквири за автоматска пушка, куршуми калибар 7,62 милиметри и други предмети, изјави Димоски.
Посочи дека од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар, на пријавените изречена им е мерка краткотраен притвор, а одземените предмети се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО