Македонија
4. July 2021 - 15:42

Кривична пријава за дебранец за физички напад врз вработен во „Национални шуми“

Педесет и двегодишен дебранец зарабри кривична пријава поради вербална расправија и физички напад врз вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“.

– Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична против И.Ц. (52) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „загрозување на сигурноста“ и „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додаде дека И.Ц. на 25 минатиот месец околу 10:30 часот, во близина на дебарското село Гари, прво вербално, а потоа и физички го нападнал Ш.С. од дебарското село Могорче.

Нападнатиот Ш.С. како вработен во Јавното претпријатие „Национални шуми“, во тој реон извршувал работни задачи.