Македонија
10. November 2020 - 14:41

Кривична пријава за дебранец кој на државно земјиште покрај езеро почнал бесправна градба

Триесет и седум годишен дебранец заработи кривична пријава откако узурпирал државно земјиште на брегот на Дебарско Езеро и почнал бесправна градба.

– Дебарското одделението за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против А.Е.(37) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, во текот на летниот период од 2020 година, во месноста „Бадеми“, на крајбрежјето на Дебарското Езеро узурпирал земјиште сопственост на Република Македонија со површина од околу 236 метри квадратни и без одобрение започнал градба на индивидуален станбен објект од втора категорија, информираше Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, Секторот за урбанизам од општината од извршениот увид констатирал дека индивидуалниот објект се гради без одобрение и во спротивност со Законот за градење. Со таквото дејствие пријавениот се стекнал со туѓо земјиште и со противправна имотна корист во износ од 361.965 денари.