Македонија
5. April 2018 - 17:53

Кривична пријава за 55- годишен битолчанец - дома чувал 243 грама хероин

Секторот за внатрешни работи Битола, до Основното Јавно обвинителство во Битола, поднесе кривична пријава против биотолчанецот Б.Е. (55) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање на промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Вчера, при претрес на домот на пријавениот, биле пронајдени една најлонска кеса, во внатрешноста со повеќе мали кеси со различна големина подготвени за пакување на наркотична дрога и едно поголемо пакување со „хероин“ обвиткана со селотејп.

Со вештање било утврдено дека средовечниот дилер во домот чувал 243 грама хероин, заради Основниот суд од Битола му одредил притвор во траење од 30 дена. Кривичната пријава против него е поднесена врз основа на член 215 од Кривичниот законик, според кој предвидената казна затвор изнесува од една до десет години.   

Новинар: Методија Куновски