Македонија
24. јуни 2022 - 15:33

Кривична пријава за 23 годишник кој набавил дрога па му ја дал на својот брат да ја конзумира

ОВР Виница поднесе кривична пријава против М.Д. (23) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

Пријавениот, во текот на февруари 2022 набавил марихуана, по што во својот дом му овозможил на својот брат да ја консумира.

На 25.03.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот кај пријавениот, при што пронашле дробилка со остатоци од марихуана.