Македонија
18. July 2018 - 14:33

Кривична пријава против тројца тетовци за обид за убиство на три лица

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(49), С.К.(37) и С.К.(36) сите од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“ случено на 14.07.2018 година околу 02,30 часот на улица „29-ти Ноември“.

По преземените мерки било констатирано дека во Клиничкиот центар – Тетово биле пренесени С.К.(37) кој се здобил со прострелна рана во стомакот, С.К.(36) кој се здобил со прострелна рана во пределот на десната подколеница и М.А. (49) кој се здобил со телесни повреди од физички напад, од каде по укажаната лекарска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.