Кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција – Одделението за гонење на сторители на кривични дела на лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против шест полициски службеници вработени во СВР Скопје, поради основано сомнение дека на 18.05.2020 сториле кривично дело „малтретирање во вршење служба“ по член 143 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. По извршените проверки и увидот во безбедносните камери констатирано е дека на настанот претходел друг кривично- правен настан, по што оштетениот бил врзан со лисици за врзување и врз него неосновано била употребена физичка сила, со што биле пречекорени полициските овластувања.
Против пријавените полициски службеници поведена е и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност во МВР.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор