Македонија
29. October 2016 - 15:31

Кривична пријава против седум лица од Паланка за разбојништво во село Опила

Полицијата во Крива Паланка до Основното јавно обвинителство - Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.З (33), М.С (24),  М.С (64), И.К.(34), А.Ј.(30), И.С.(31) и Н.У.(27) поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“, извршено во село Опила, општина Ранковце, во куќа на Д.Т. (93), С.Т (63) и Љ.Т.(68) – син и ќерка на Д.Т., оштетувајки ги притоа за 185.000 денари.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавените на 7 ноември 2015 година, околу 09,00 часот, по претходен договор пристигнале во село Опила, на место викано Илиинци, општина Ранковце, каде откако се увериле дека оштетениот С.Т., син на „Д.Т. излегол од куќата влегле во дворот, а потоа преку влезната врата влегле во собата каде се наоѓале ќерката на Д.Т., Љ.Т. и Д.Т и физички ги нападнале удирајќи ги во пределот на главата и телото, нанесувајки им телесни повреди, а потоа со селотејп трака им ги врзале рацете и устите.

Во меѓувреме влегле уште две непознати лица, кои извршиле пребарување и ги пронашле парите (3000 евра, 5000 долари и 50.000 денари), по што истите со одземените пари го напуштиле местото на настанот.