Македонија
13. November 2017 - 14:50

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Свети Николе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе  кривична пријава против З.Т. (50) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. 

- Пријавениот на  13.09.2017 година, како градоначалник на општина Свети Николе, на шефот на возниот парк му наредил на трошок на општина Свети Николе да наточи 48 литри еуродизел гориво во возило сопственост на таткото на пријавениот и 10 литри  за потребите на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а при  плаќањето со „Верна“ картичка, регистрирана на Општина Свети Николе да прикаже дека 58,3 литри еуродизел гориво, било наточено во автобусот сопственост на општина Свети Николе, инфирмираат од МВР.