Македонија
25. February 2020 - 14:51

Кривична пријава против мигрант од Мароко фатен со марихуана во прифатниот центар во Табановце

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(24), државјанин на Мароко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 21.02.2020 во прифатен центар за странци „Табановце“ во с.Табановце, кумановско, пријавениот неовластено држел наркотична дрога марихуана, која била пронајдена и одземена од полициски службеници при преглед на бараката во која бил сместен пријавениот.