Кривична пријава против двајца дилери, пронајден кокаин
Денеска (26.11.2021), Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во содејство со СВР Охрид до Основното Јавно Обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против И.Д.(45) и Д.Д.(45), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик.
Во периодот од јули до ноември 2021, И.Д. набавил кокаин од едно лице, по што заедно со второпријавената Д.Д. во неговиот дом го препакувале во помали пакувања и го препродавале по цена од 4.000 до 5.000 денари за еден грам, за што се обезбедени докази.
На 25.11.2021 на ул.,,Марко Цепенков“ во Охрид, полициските службеници од ОСОСК и СВР Охрид извршиле контрола на патничко возило „ренџ ровер“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Д., при што биле пронајдени денари и евра во различни апоени, додека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и повеќе банкноти денари и евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело, по што лицата се лишени од слобода, за што МВР веќе информираше утринава.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори