Македонија
23. April 2021 - 13:25

Кривична пријава против државен инспектор за животна средина поради примање поткуп

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Р.(51) од Тетово, државен инспектор за животна средина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против С.А.(40) од тетовското село Фалише поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 22.04.2021, А.Р., вршејќи службена должност во Кичево, од сопственик на правен субјект во Кичево, побарал и добил 200 евра, со цел да му изготви записник за инспекциски надзор во фирмата во кој ќе констатира дека нема неправилности во нејзиното работење. Второпријавениот, во просториите на неговата фирма со седиште во Кичево, му овозможил на А.Р. да ги земе парите од поткупот по што ги скрил во својата канцеларија.