Кривична пријава против четири лица за кривични дела ,,тешка кражба“, „соизвршителство“ и „прикривање“
Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за внатрешни работи Чаир до Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против А.И.(18) поради постоење основано сомнение дека сторил 17 кривични дела„ тешка кражба“ казниви по чл.236 од Кривичниот законик, Ш.М.(26) поради постоење основано сомнение дека сторила 17 кривични дела „соизвршителство“ казниви по чл.22 од Кривичниот законик, С.И.(41) поради постоење основано сомнение дека сторил 16 кривични дела „прикривање“ казниви по чл.261 од Кривичниот законик и М.Б.(29) поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „прикривање“ казниви по чл.261 од Кривичниот законик.
На 13 / 14.11.2020 година, првопријавениот А.И. заедно со Ш.М. извршиле 17 кривични дела „тешки кражби“ во патнички моторни возила низ населбата Шуто Оризари. Украдените предмети првопријавениот потоа ги продал на третопријавениот С.И., сопственик на отпад за секундарни суровини, и на четвртопријавениот М.Б. со што првопријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 83.300,00 денари, а причинил дополнителна материјална штета. Од страна на полициски службеници пријавените лица се лишени од слобода, а украдените предмети се одземени и се вратени на сопствениците.
Ново на Сител
-
Американската централна банка потврди рекордна загуба
-
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
-
Џакарта повеќе нема да биде главен град на Индонезија
-
Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара