Македонија
20. October 2017 - 12:20

Кривичен суд: Отфрлени „бомбите“ како доказ во „Титаник 2“, „Тенк“, „Тендери“,„ТНТ“,„Топлик“ и „Титаник

Советите за оценка на обвинителни акти на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кои постапуваат во оценка на обвинителни акти на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), постапувајќи по предлози за издвојување на незаконски прибавени докази од списите на предметите, а по службена должност во предметите со КОК – ООА бр. 21/17 од обвинителството означен како „Титаник 2“, КОК – ООА бр. 20/17 од обвинителството означен како „Тенк“, КОК – ООА бр. 23/17 од 
обвинителството означен како „Тендери“, КОК – ООА бр. 24/17 од  обвинтелството означен како „ТНТ“, КОК – ООА бр. 22/17 од  обвинителството означен како „Топлик“ и КОК – ООА бр. 27/17 од  обвинителството означен како „Титаник“, донесоа решенија со кои Се издвојуваат од списите на наведените предмети докази приложени во прилог на обвинителните акти, како докази прибавени на незаконит начин и со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Р.Македонија, закони и меѓународни договори, кои не може да се користат и врз нив не може да се заснова судска одлука.

Судија за оценка на обвинителни акти доставени од СЈО, постапувајќи по барања за издвојување на докази од списите на предметите, а по службена должност во предметите со КООА.бр.50/17 од обвинителството означен како „Тревник“ и КООА.бр. 51/17 од обвинителството означен како „Тифани“,  донесе решенија со кои Се издвојуваат од списите на наведените предмети  докази приложени во прилог на обвинителните акти како докази прибавени на незаконит начин и со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Р.Македонија.

Наведените неправосилни решенија се доставени до странките во конкретните постапки кои имаат право на жалба против овие решенија во рок од 3 дена до Апелациониот суд Скопје.

Апелациониот суд – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави 
решение со кое постапувајќи по жалба на СЈО против решение на Советот за оценка на обвинителен акт на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје за издвојување на доказите од списите во предметот со КОК – ООА бр. 26/17 од обвинителството означен како „Триста“, ја уважил жалбата на обвинителството и првостепеното решение се преиначува и гласи: Предлогот на одбраната поднесен против обвинителниот акт на СЈО за издвојување на одредени докази од списите на предметот, се одбива како неоснован.

Судија за оценка на обвинителен акт НСК – КО бр. 4/17 против обвинетиот С.К. и НСК – КО бр. 7/17 против обвинетиот Д.П.Л. донесе решение со кое обвинителните акти се одобруваа и оформените предмети согласно АКМИС – електронскиот систем се распоредени кај судии за понатамошно судење и тоа за обвинителен акт НСК – КО бр. 4/17 предмет со К.бр 1459/17 за кој главната расправа е закажана за 07.11.2017 година во 9:30 часот и за обвинителниот акт НСК – КО бр. 7/17 предмет со К.бр. 1493/17 за кој во најскоро време ќе биде закажана главна расправа за што странките ќе бидат навремено известени.

Основен суд Скопје 1 – Скопје