Македонија
23. October 2018 - 16:15

Кривичен суд демантира: Нема упатно решение за Груевски, пасошот на Мијалков е во судот

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков , информираат од СЈО.

Претходно и од Основниот суд Скопје 1 за МИА потврдија дека Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.

– Во однос на информациите поврзани со лицето С.М обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1  информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат од Основниот суд Скоје 1.

Инаку, некои од медиумите објавија дека на поранешниот директор на контраразузнавањето Мијалков му е вратен пасошот.

Кривичниот суд демантираше и дека на поранешниот премиер Никола Груевски не му е доставено упатно решение.