Крива Паланка завиена во црна, жали за загинатите Јован и Марина
Советот на Општина Крива Паланка на вонредна седница донесе одлука за прогласување на 9 август – ден на жалост во општина Крива Паланка по повод трагичната смрт на Велиновска Марина (39) и нејзиниот малолетен син, шестгодишниот Јован, кои во сабота вечерта, на 6 август, трагично ги загубија животите во поплавите предизвикани од силното невреме кое го зафати Скопје.
Починатата Марина Велиновска беше мајка на две деца. Во моментот на страшното невреме целото семејство се враќало од годишен одмор. Таткото, кој е професионален пожарникар, и постариот син, по неколкучасовна борба со водената стихија успеале да ја избегнат кобната судбина.
Знамињата во општина Крива Паланка ќе бидат истакнати на половина копје. Сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината ќе бидат одложени и угостителските објекти ќе емитуваат сериозна музика.
Исто така, советниците донесоа одлука и за доделување еднократна финансиска помош во висина од 300.000 денари за санирање на последиците од поплавите во Скопје и Тетово од 6 август 2016 година.
Ново на Сител
-

Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица), нормализиран на преминот Ники (Меџитлија), непречено се одвива на ГП Дојран
-

Вандалски чин во центарот на Штип, оштетна урбана опрема и новогодишни декорации
-

Ѓорѓиевски: Се унапредува спортската инфраструктура во скопските средни училишта
-

Зеленски: Наскоро ќе им доставиме на Американците финализирана верзија од мировниот план
-

Сиљановска-Давкова го одликуваше американскиот генерал-мајор Најт со Орден за воени заслуги
-

Со 3,66 промили алкохол во крвта агресивно се однесувал кон полицајци
-

Вучиќ: Ќе предложам ЕУ заедно да ги прифати сите кандидати од Западен Балкан
-

Мицкоски: Додека сум јас премиер нема да никне ниту еден шатор со илегални мигранти и нема да биде примен ниту еден мигрант

