-->
-->
Крива Паланка ќе гради пат до Езерцето Калин Камен
-->
Советниците од Советот на општина крива Паланка донесоа одлука за кофинансирање на проект за изградба на општински пристапен пат „Ловечка куќа“ – Езерце Калин Камен во должина од 1104 метри.
- За реализација на проектот локалната самоуправа на општина Крива Паланка ќе учествува со средства од буџетот за 2016 во износ од околу 1.2 милиони денари со ДДВ како партнер на Центарот за развој на Североисточен плански регион, согласно програмата за Регионален развој на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, Биро за Регионален развој на РМ за следната година-информира градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Со овој пат, додаде тој, комплетно ќе се уреди пристапот во Езерцето Калин Камен со модерна асфалтна инфраструктура.
- Овој пат ќе биде надоврзување на патот во должина од два километри кој ќе се гради со средства од Севериосточниот плански регион, со што комплетно ќе биде речен пристапот до езерцето. Преку бирото за Регионален развој за сите региони се обезбедени околу 570 милиони евра, од кои преку Североисточнниот плански регион на општина Крива Паланка и беа доделени 86.000 евра, рече Алексовски.
Тој истакна дека ова ќе придонесе за дополнителен развој на туризмот во Крива Паланка и за подобрување и збогатување на туристичката понуда на општината.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица