-->
-->
Крива Паланка ќе добие затворен базен
-->
Со одлука на Владата на РМ одржана на први март годинава, општина Крива Паланка и Агенцијата за спорт и млади добија задолжение за утврдување на активностите за изработка на техничка документација за преадаптирање на недовршената спортска сала во затворен базен.
Градоначалникот на Kрива Паланка, Арсенчо Алексовски рече дека инцијативата за изградба на затворен базен била негова, а по разговорите со доскорашниот премиер и актуелен претседател на владејачката партија Никола Груевски добил позитивен одговор на барањето.
- Мојата иницијатива е од пред една година, горд сум што Крива Паланка ќе добие ваков, повеќе од потребен, спортски објект. Ние како општина веќе направивме спортска сала, поради што сметавме дека постојната сала која е недоизградена да биде пренаменета во базен. Ова ќе биде полн погодок за мојот град, изјави Алексовски.
Во моментот се подготвува градежно-техничка документација за спортската сала. Веќе е направено идејно решение за преадаптација на салата кое ќе биде доставено до Агенцијата за спорт и млади и до Владата на РМ.
- Сега се врши решавање на проектната документација која ќе трпи одредени промени, но во секој случај ова е голема работа за Крива Паланка, да добиеме затворен базен. Тоа ќе значи промена и модернизација на животот на граѓаните на нашата општина, всадување на здрави животни навики и унапредување на спортските перформанси на дечињата. Исто така ќе се надополнат спортските содржини во градот и младите ќе имаат можност за повеќе алтернативи за спорт, за што сум особено благодарен на Владата на Република Македонија, вели Алексовски.
Градбата на спорстката сала, која сега е само карабина-конструкција, почна во 2000 година. Истата ќе биде преадаптирана во затворен базен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка