Македонија
22. September 2016 - 13:49

Криумчарењето мигранти не престанува, два нови случаи откри полицијата

РЦ за ГР Југ поднесе кривична пријава против И.С. (34) од с.Арачиново– скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 20.09.2016 година во с.Марвинци–валандовско, од страна на полициски службеници бил забележан пријавениот како во своето возило „Опел Синтра“ превезува 10 мигранти од Авганистан, по што откако започнале да го следат, обидувајќи се да го сопрат, пријавениот по кратко време го сопрел возилото и од истото започнале да излегуваат и да бегаат мигрантите, а додека пријавениот останал во возилото заедно со уште едно лице државјанин на Авганистан, по што истите биле приведени. Од страна на судија на предходна постапка на пријавениот му е одредена мерка претпазливост.

Вчера околу 05,25 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, на околу еден километар после с.Удово од страна на полициски службеници, било забележано патничко возило „Форд Мондео“, по што започнале да го следат со намера да го сопрат и на м.в. „113“, возачот го сопрел возилото на коловозната лента, излегол и се дал во бегство во правец на реката Вардар. Од извршената контрола во возилото пронајдени биле 11 мигранти од Ирак. Лицата биле приведени  и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.