Македонија
1. јуни 2020 - 14:39

Криумчар на мигранти од Косово е позитивен на Ковид-19, а не струмичанец

Криумчар на мигранти од Косово е позитивен на Kовид-19, а не граѓанин од Струмичкиот регион, информира директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

Според него станува збор за државјанин на Косово И.П. (30), кој вчера по полноќ беше откриен од полицијата на клучката кај селото Миравци на автопатот Гевгелија-Скопје, како во камион со ладилник превезува 113 мигранти од Бангладеш, Индија и Мјанмар.

-На лицето вчера му е земен брис од страна на екипа на Центарот за јавно здравје и денес се покажа дека e позитивен на Kовид-19. Според воспоставените процедури, на уапсените лица и тие кои се упатуваат во притвор им се прави тест, рече директорот Витанов.

Инаку, Косовецот е спроведен на издржување на мерката притвор во Затворот „Скопје“ според пропишаните правила и прописи и тој од вчера се наоѓа таму.