Македонија
30. May 2023 - 16:36

Критиките од Коп и Пендаровски не влијаат врз претседателот на Судскиот совет, но не биле пријатни

Непријатни се критиките на холандксиот амбасадор и претседателот на државата, но тоа се само нивни видувања. За првиот човек на судски, работата на советот е законска, ама во јавноста погрешно било пренесено разрешувањето на претходниот претседател.

„Со 9 гласа беше разрешена колешката, тоа што сега во јавноста се створи една таква состојба, но мислам дека во тој дел, малку работиве не се претставија како што се реално. Дали се запрашува некој релевантен фактор дали 9те члена од кои причини гласале за ваквата состојба да се разреши претседател?“, вели Сашко Георгиев, Претседател на Судски совет.

 Превирањата околу разрешувањето беа пресудни Холандксиот амбасадор Јан Коп да ја замрзне соработката со судскиот совет. Според Георгиев пак, нема ништо спорно што целата постапка се направила зад затворени врати. Така, вели го зачувале интегритетот.

„И мене да ви кажам искрено, после оваа дистанца можеби јавноста еве ќе остане без податок кои се тие меѓучовечки односи до тој степен нарушени, а ние зад затворени врати заради заштита на интегритетот на некои колеги да го заштитиме, значи испадна сега дека нешто се крие. Ве уверувам дека не е таква состојбата“, вели Геиоргиев.

Ден по последните критиките за правосудниот систем, денеска на законско работење се обврзаа синот на собранискиот спикер Џафери и сопругата на Абази. Од утре, заедно со уште 16мина ја започнуваат обвинителската кариера. Барлет Џафери и Албулена Абази не се осмелија пред камерите да кажат зошто ја одбрале обвинителската тога. Нивните посмели колеги велат, сакаат да ја подобрата слошата слика за правосудниот систем.

На професионалност ги повика и првиот човек на советот на јавни обвинители.