Loading Video...
Свет
5. July 2021 - 16:46

Критична состојбата во Португалија, бројот на болни од Делта сојот расте

Делта варијантата со неверојатна брзина се шири  подеднакво  во земјите со ниска, но и со висока стапка на вакцинирано население. Овој сој е детектиран во повеќе од 90 земји во светот.  Во ЕУ најпогодена е Португалија со по 2 000 нови случаи дневно, што придонесе за повторно воведување на полициски час во туристичките места.

Ова придонесе дел од земјите на ЕУ  како што се Германија  и Франција да воведат карантин за оние кои доаѓаат од оваа земја.  Карантин е воведен и за лицата кои во ЕУ доаѓаат од Русија, каде драстично се зголеми бројот на заболени од делта сојот. Грција  за руските туристи бара дупло тестирање на границата.  До крајот на август во  ЕУ се очекува 90 проценти од новозразените да бидат од Делта варијантата. 

 Во Шпанија најголем број на инфицираните се на возраст од 10 до 29 години, но журките по ноќните клубови и натаму продолжуваат, а слична е состојбата и во Австрија. Сепак, за да се влезе внатре потребна е потврда за  бар една примена вакцина, прележан Ковид или негативен тест.  Вакви мерки нема во Франција, а наскоро ќе ги нема и во  Велика Британија каде има и и по 25 000 илјади случаи дневно, но со помала смртност и хоспитализација. Крајна цел е на 19 јули овие рестрикции целосно да бидат тргнати, со укинување на маските и  социјалната дистанца, како и дозвола за организирање масовни манифестации. Мерките повторно ќе се вратат во Израел каде 5 од вкупно 9 милиони жители се вакцинирани.

Во оваа  земја дури  50 проценти од новозаразените  биле вакцинирани со две дози. Смирува фактот што  вакцините и натаму  остануваат ефикасни  против сериозното заболување и хоспитализацијата, тврдат израелските лекари. Поради ваквиот пораст на случаите, властите најавија враќање на рестрикциите, воведување на зелените пропусници и ограничување на бројот на деца во затворен простор.