Loading Video...
Спорт плус
9. March 2019 - 16:41

Кристоферсон победник на велеслаломот во Крањска Гора

 
 
 
Норвежанецот, Хенрик Кристоферсон е победник на велеслаломската трка во машка конкуренција која се одржа во словенечкиот ски-центар Крањска Гора. 
 
Кристоферсон до првото место стигна со 24.стотинки побрзо од сонародникот Расмус Виндингастад, односно 56.стотинки побрзо од Швајцарецот, Марко Одермат. 
 
Австриецот, Марсело Хиршех кој веќе го имаше обезбедено малиот кристален глобус во оваа дисциплина, денеска заврши на шестото место. 
 
На три трки до крајот Хиршер има и недостижни речиси 500 бодови повеќе од Французинот, Алекс Пантуро во трката за  севкупен победник сезонава
 
Утре мажите на истото место ќе возат слалом, а сезоната како и дамите следниот викенд во Андора.