Живот
9. February 2016 - 16:44

Кристина има 10 години, најубава е на светот но нејзиниот живот и се претвора во пекол!

Прогласена е за најубаво девојче на светот, има договор со една од најјаките модни агенции во Лос Анџелес, има повеќе од еден милион следбеници на Инстаграм. Кристина Пименова има десет години, но нејзиниот живот веќе се претвора во пекол.
 
Нејзините профили на социјалните мрежи ги има отворено нејзината мајка која воедно стои позади нив, таа силно сака да го привлече вниманието на светот кон нејзината ќерка. Истото и успеало, но не во најдобар контекст. Гликерија Пименова, многу често објавува провокативни фотографии од својата десетгодишна ќерка. Токму тие фотографии привлекуваат и сексуални манијаци кои често оставаат непримерни коментари со сексуална содржина.
 
Нејзината мајка одговорила на нападите на начин на кој изјавила како сите они кои сликите на Кристина ги сметаат за провокативни се педофили. Занимливо е како Гликерија се чуди на непристојните коментари, а факт е дека таа самата ги предизвикала истите. Да објавиш слика од 10-годишно девојче кое градите ги прекрива со мечиња во најмала рака невкусно но и опасно.
 
Кристина соработува со најпознатите дизајнери кои и понудиле профитабилни договори, но многумина се запрашуваат, дали треба да се уништи нејзиното детство поради амбициите на нејзината мајка.