Фудбал
16. February 2019 - 10:11

Кристијано со ново големо достигнување

Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо запиша ново големо достигнување – гол плус асистенција во секој од неговите последни 3 натпревари во Серија А.

Кристијано ова го направи по втор пат во својата кариера откако тој веќе забележа слично достигнување во Реал Мадрид во ноември 2014 година.
 
При успехот над Фросиноне (3:0) Роналдо асистираше на Пауло Дибала, а во средината на вториот дел го оформи конечниот резултат.

Кристиjано е лидер кај стрелците во Калчото со 19 гола и 9 асистенции.