Кристијано Роналдо наскоро актер во филм на Мартин Скорсезе

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се подготвува да тргне по стапките на Дејвид Бекам, Ерик Канотона и Паскал Нума.
Имено, според пишувањето на порталот Dream Team, играчот на Реал Мадрид ќе се појави во новиот филм на Мартин Скорсезе „Манипулатор“.
Ова остварување кое во кино салите се очекува во 2016 година инспирано е од животот на 39-годишниот италијански милионер Александро Прота, кој наводно послужил како модел за главниот јунакот на романот и филмот „50 нијанси сиво“.
Во филм на Скорсезе, тројниот освојувач на „Златна топка“ ќе се игра самиот себе, додека главната улога ќе ја игра Ченинг Тејтум. Во филмот, исто така, ќе се појави и една ѕвезда од модните писти, супермоделот Алесандра Амброзио.
Филмот ќе се снима во Њујорк, во стан во кулата Трамп, на Петата авенија, која Роналдо неодамна ја купи за 18 милиони долари.
Раскошниот стан од 233 квадрати со поглед на Централ парк, порано припаѓаше на Алесандро Прота.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
