Кристалина Георгиева нов бугарски кандидат за наследник на Бан Ки-мун
Бугарската Влада се подготвува да ја номинира Кристалина Георгиева за функцијата генерален секретар на ОН, која би ја заменила досегашниот кандидат на Софија за оваа должност, Ирина Бокова.
Како што јавуваат бугарските медиуми, Владата на премиерот Бојко Борисов се решила на ваквата опција, бидејќи било проценето дека шансите на Бокова да биде избрана за наследник на Бан Ки-мун се занчително намалени.
Според поратолот „Новините“, кандидатурата на Георгиева ќе биде објавена на утрешната седници на бугарската Влада.
Засега меѓутоа останува нејасно дали при евентуален ваков потег на Софија, Бокова ќе се откаже од трката за генерален секретар на ОН и би и го препуштила местото на Георгиева.
Кристалина Георгиева, која е актуелен потпретседател на Европската комисија, до февруари годинава важеше за фаворит за бугарски кандидат за генерален секретар на ОН, но тогаш Владата во Софија соопшти дека решилаа таа да остане на сегашната функција, а за наследник на Бан земјата да ја предложи директорката на УНЕСКО, Бокова.
Иако, пред гласањата во Советот за безбедност на ОН, Бокова важеше за една од фаворитите, сепак изјаснувањето на 15-те членки на ова тело на Светската организација покажа дека нејзините шанси за избор на функцијата генерален секретар се мали. На последниот, четврти, круг на гласање, одржан минатата недела, Бокова беше дури петта.
Петтиот и најверојатно последен круг на гласање во Советот за безбедност за утврдување на кандидат за генерален секретар на ОН ќе се одржи на 26 септември.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.