Фудбал
12. October 2018 - 9:03

Кристал Палас останува без Бентеке до крајот на годината

Напаѓачот на Кристал Палас, Кристијан Бентеке најверојатно нема да игра до крајот на годината.

Тој вчера беше подложен на операција на коленото, а менаџерот Рој Хоџсон изјави дека не очекува дека ќе може да се потпре на него пред 2019 година.

- Бентеке беше опериран вчера. Се обидовме да се справиме на конзервативен начин со проблемот во коленото, кое некое време го мачеше, но тоа не функционираше. Секогаш постоеше ризик дека ќе треба да се оперира и на крајот го стори тоа. Сега тој ќе биде отсутен долго време. Секоја операција бара време за обновување. Опасно е да се предвиди точно колку долго ќе потрае закрепнувањето, бидејќи може да излезе дека моето мислење се разликува од она на лекарите, изјави легендата на англискиот фудбал.

Тој додаде дека Белгиецот сигурно нема да игра повеќе оваа година.

- Очекувам тој да биде подготвен за игра во 2019 година. Се надевам дека ќе биде на почетокот, а не подоцна во годината, додаде Хоџсон.