Џет-Сет
1. October 2020 - 14:41

Криси Тајген и Џон Леџенд го загубиле бебето

Криси Тајген и  Џон Леџенд на социјалните мрежи објавија дека го загубиле бебето.

Пред неколку дена таа беше примена во болница поради крвавење кое траело повеќе од еден месец во текот на бременоста.

„Не успеавме да го запреме крвавењето и да му ја овозможиме на бебето течноста што му беше потребна и покрај трансфузијата на крвта. Едноставно не беше доволно. Никогаш не одлучуваме како ќе се викаат децата додека не се родат, туку пред да ја напуштиме болницата. Но од некоја причина, ова момче во мојот стомак го викавме Џек. Така што засекогаш ќе остане Џек. Џек многу се трудеше да биде дел од нашето семејство и засекогаш ќе остане“, напиша Криси покрај потресните фотографии од болницата.