Крикот на мајката ја распара гробната тишина кога го спуштија белиот ковчег: Бојана на вечното почивалиште ја испратија родителите, вереникот, роднините, колегите
Припадничката на војската Бојана Милановиќ (24) која во четвртиот месец од бременоста, се самоубие со ловечки карабин на својот вереник Јовица Маринковиќ во селото Прово кај Богатиќ, беше погребана денеска на гробиштата во Сремска Митровица.
На вечниот пат Бојана ја испратија нејзините најблиски заедно со роднините на нејзиниот вереник, бројните пријатели, а од неа се простија и колегите.
Неколку часа пред погребот низ гробиштата одекнуваше плач и лелеци на нејзините најмили.
„Бојана зошто на баба не и кажа што те мачи. Што те мачеше сонце мое, лелелаше бабата на Бојана додека го изнесуваа белиот ковчег од капелата.
Неми од болка на патот до вечната куќа, го галеа ковчегот, нресреќниот татко и мајка.
Говорот го прекинуваа лелеците на бабата : Бојана, сине зошто ме остави. Зошто го остави својот Јовица. Зошта твојата баба не те замени, викаше на цел глас бабата.
Кога ковчегот беше спуштен во земја врз него сакаше да скокне мајката на Бојана, а во тоа ја спречија роднините кои буквално ја одвлекоа од гробното место. Додека фрлаше грутка земја врз ковчегот на Бојана, нејзиниот вереник тивко изусти „Не ти требаше ова душо“.
Непосредно пред да биде спуштен ковчегот говор одржа нејзиниот колега, кој рече дека Бојана не била толку долго во војска колкава што трага оставила.
„Бојана се што правеше, правеше со љубов кон униформата. Да не ја памтиме по лошо, тој што ќе ја памти по тоа ќе погреши. Ние во војска слабо ги простуваме грешките, а на Бојана нема што да и простиме“, рече колегата.
Да потсетиме, воената болничарка Бојана Милановиќ (24) која била во четвртиот месец од бременоста, се самоуби бо неделата во куќата во селото Дубље кај Богатиќ, на само шест дена пред свадбата.
Таа си пукаше во глава од карабинот на вереникот. Зад себе не остави проштално писмо и никој не знае зошто одлучила да си го одземе животот.
Телото на Бојана го пронашол вереникот Јовица Маринковиќ, откако се вратил од работа. Бојана, инаку е припадничка на Војската на Србија, но работела како болничарка во Сремска Митровица пред да замине на породилно отсуство.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца